Шибеничка и Книнска жупанија

Зафаќа површина од 2939 km2 и врз основа на пописот од 2001 година, има 112070 жители. Овој округ го сочинуваат следните градови: Шибеник, Книн, Дрниш, Водице, Скрадин и општините: Билице, Пировац, Тисно, Трибуњ, Муртер, Примоштен, Рогозница, Цвиљане, Ервеник, Кијево, Кистање, Орлиќ, Промина, Ружиќ,.
Округот се наоѓа во севернодалматинската област каде што реката Крка тече од Динара до Јадранското Море, како и од Пировац до Рогозница и претставува единствена политичко-економска и географска сообраќајна целина.

Шибеничката катедрала

Градена повеќе од еден век, таа е сведоштво за упорноста, жртвата и вербата на генерациите жители на Шибеник. По многу работи е единствена не само во хрватската архитектура, туку и во европската: целосно е изградена од камен, без употреба на друг материјал; единствена е по храбрата структура од камени плочи и ребра, без врзивен материјал. Нејзината изградба ја започнал Франческо ди Џакомо во 1431 година, Николо ди Џовани Фиорентино ја завршил во 1536 година, а ја дизајнирал најголемиот уметник и градител на 15 век, Георгиус Матеј Далматикус.